По повод Светскиот ден на првата помош, 12- ти септември, денеска, на градскиот плоштад  општинскиот Црвен крст организира бројни активности за подигнување на јавната свест за улогата на првата помош во превенција од повреди и спасување на човечкиот живот.

Под мотото Прва помош за сите, ќе се одржат низа активности меѓу кои демонстрации на техники за укажување на прва помош во различни ситуации, презентација на потребна опрема и средства, сведоштва на оние кои спасиле човечки живот укажувајќи прва помош. Преку овие активности  ќе се потенцира волонтерскиот дух и солидарноста, принципите на кои се заснова укажувањето на првата помош, хуманоста, непристрасноста и доброволноста.

За посетителите на оваа манифестација овозможено  е учество во активностите преку учење на некои од техниките на укажување прва помош, квиз на знаењата од оваа област, а на располагање ќе бидат и два лекарски тимови кои ќе вршат основни лекарски прегледи.

OhridNews