Ромите живеат во сите земји на Европа. Според истражувањата, нивниот број на стариот континент се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европа. Ромите кои влечат потекло од Индија, во Македонија се присутни од 12 век.
Во периодот до 12-20 век над ромите се вршени масовни егзодуси, прогони и асимилации. Само во текот на Втората светска војна се претпоставува дека во германските логори настрадале околу 500.000 Роми.
Од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на Ромите на кој присуствувале делегати од 14 земји. Тие го прифатиле името Ром, определиле официјално знаме и химна на сите Роми во светот. Оттогаш 8-ми април се слави како Меѓународниот ден на Ромите, а во Македонија е неработен ден за припадниците на оваа етничка заедница.
На пригоден начин Светскиот ден на Ромите ќе биде одбележан и во Охрид.
OhridNews