Денеска се одбележува Светскиот ден на СОС телефони за помош и поддршака на децата. Во Македонија оваа линија функционира 17 години благодарение на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ која е дел од меѓународната мрежа „CHI – Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет.

Минатата  година на СОС телефонот 0800 1 2222 биле регистрирани вкупно 377 пријави, во најголем процент за различни облици на насилство (во семејството, училиштето или помеѓу врсниците.

На повиците на СОС телефонот одговараат волонтери, ентузијасти од различни професии (психолози, социјални работници, педагози, правници, семејни советници) кои се обидуваат да им помогнат на децата жртви на насилство. Паралелно со СОС службата, континуирано работи и бесплатната правна служба која во зависност од видот на проблемот постапува со писмени обраќања до различни државни институции.
           
Иако СОС телефонот за деца и млади е од јавен интерес и е потреба на граѓаните, односно децата,  државата не го подржува финансиски, информираат од „Меѓаши“.

OhridNews