
По повод Светскиот ден за борба против хепатитот, 28 јули, во организација на Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, СЗО регионална канцалрија Скопје , Светската алијанса за Хепатит , ЕЛПА , Фондот за здравствено осигурување Алијансата на пациентски организации на Македонија, други засегнати здравствени институции, Алијансата на пациентски организации на Македонија, ќе се спроведе кампања во Охрид, Струга и Битола. Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против Хепатитот Б и Ц, како јавно здравствен проблем на светско и на европско ниво.
Оваа година кампањата ќе биде посветена на пронаоѓање на луѓето кој не се свесни дека го носат овој вирус.
OhridNews











