Познатиот јужнокорејски медицински бренд „Нуга Бест“ веќе две години успешно работи во Охрид на задоволство на голем број граѓани кои ги користат помагалата и уникатните методи за превенција и подобрување на здравјето. Компанијата „Нуга бест“ со години е број еден во областа на медицински помагала наменети за домашна употреба, распространета во над 150 земји во светот со 5.500 филијали, меѓу кои и Македонија. „Нуга Бест“ ги третита најакутните проблеми на современиот човек, како што се стресот, депресијата и анксиозноста. Во насока на подобрување на општото здравје салонот на „Нуга Бест“ во центарот на Охрид бесплатно ги третира децата до 14-годишна возраст.

Охриѓани безрезервно го прифатија новиот начин на живот и уште од самиот почеток наидовме на многу позитивни реакции и коментари и тоа е уште еден доказ дека е донесена правилна одлука за отворање на овој центар во градот. – истакнува Златеска.

Креветот N5 за топлинска масажа се покажа како многу ефикасна терапија против ревматизам, артритис, болки во вратот, р’бетот и слично. Со редовна употреба му помага на телото да го обнови имунолошкиот систем со обезбедување на потребните услови за тоа. – вели Златеска.
Производите на „Нуга Бест“ се наменети за превенција што, според Златеска, е најважна за здрав организам и затоа и самата редовно ја практикува.
За да го зачуваме здравјето и да обезбедиме среќен и здрав живот треба да се превенираме на време. Затоа искористете ја можноста да се заштитите секојдневно применувајќи ги нашите терапии, за да ги избегнеме несаканите заболувања. – посочува Златеска.

Дел од производите ги имаме во домот повеќе од пет години така што секојдневно ги користиме со семејството. Омилен производ ми е креветот N5 без кој не можам да го започнам работниот ден, тоурманиумската лента за грло за превентива и маската за лице која ми помага во спречување во процесот на стареење. – истакнува Златеска.
По две години работа „Нуга Бест“ во Охрид има бројни задоволни клиенти кои ги решиле или ублажиле своите здравствени проблеми, но менаџментот не застанува тука.
Оваа година ќе биде промовиран новиот модел на кревет наречен N6. Toа е доказ дека „Нуга Бест“ нема да застане и понатаму ќе биде лидер и промотор на нови и посовршени медицински производи во полза на нашето здравје. Во Македонија имаме десеттина центри со тенденција тој број да расте низ сите наши градови се со цел „Нуга Бест“ да биде поблиску до сите. – вели Златеска.

Нашата компанија стимулира здрава популација, затоа децата до 14 години се третираат бесплатно во центарот на „Нуга Бест“ во Охрид. Нашата терапија делува како антистрес терапија и ги третира најакутните проблеми на современиот човек, како што се стресот, депресијата и анксиозноста. Тоурманиумот – каменот на животот, кој претставува основа на сите наши медицински производи, штити и ги одбива сите негативни влијанија од мобилните телефони, компјутерите, тв приемниците и слични уреди, а на тој начин го подобрува квалитетот на живеењето. – укажува Марина Златеска, менаџер на салоното Нуга Бест во Охрид кој одбележува две години од постоењето.
По повод вториот роденден салонот „Нуга Бест“ ги наградува охриѓани со бесплатни масажи и третмани. Промоцијата за која е потребно да се закаже термин трае од 14 до 17 февруари.
ОhridNews
















