
– Иако стручни едукативни курсеви во образовниот процес постојат со години потребна е полема соработка помеѓу образовните институции и реалниот сектор во еукацијата идните кадри. Посебно важно е да се воведе многу повеќе практична работа во образовниот процес со цел студентите да се стекнат со неопходно искуство. Македонските студенти имаат пракса, но не во потребниот обем, на што треба да се работи преку воведување посебни едукативни програми.-истакна д-р Инесон.

На семинарот што се одржува под покровителство на фондацијата „La Fondation pour formation hoteliere“ со седиште во Женева, Швајцарија, Manchester Metropolitan University и Nestle Macedonia, образовниот кадар, студентите на ФТУ Охрид и туристички менаџери кои работат во реалниот сектор преку посебни вежби кои содржат меѓународни искуства од туристичкиот бизнис се обучуваат како да ги решаваат проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во хотелите, рестораните и други угостителски објекти.

Според проф. д-р Николина Попова, раководител на катедрата за туризам при Софискиот Универзитет во Бугарија, едукацијата на туристичките менаџери преку искуства и практични примери од реалниот сектор, дава исклучителни резултати. Таа посочува дека ваквата практика во развиените земји се применува одамна, а во Бугарија е воведена пред десет години.

-Благодарение на ваквите обуки Бугарија успеаа да воспостави одлични врски со туристичката индустрија во Светот, што е од исклучително значење, а менаџерските искуства ги преточивме во прирачници за обука кои се составен дел од едукацијата на туристичките менаџери, изјави Попова.

Семинарот е дел од континуираните заложби на Факултетот за туризам и угоститслство од Охрид за воведување на светски практики во образованието на студентите.











