Охриѓанецот Гоце Мојсоски интензивно се подготвува
за настап на престојното Државно првенство во бодибилдинг, како и
настапот на СП во Порторош, Словенија.

Мојсоски кој е трикратен шампион на Македонија во средна категорија формата ја темпира за светскиот собир во Словенија.
 

За
Државниот натпревар ќе бидам делимично подготвен, а се` со цел да бидам
во топ форма за настапот во Порторож, каде очекувам да освојам прво
место во својата категорија, и уште една медаља, за Охрид и Македонија
– вели Мојсоски.

Државниот натпревар  е закажан за 6 октомври, додека планетарниот собир во Словенија е на 20 октомври.

М.П.