Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе го одбележи Светскиот ден на метеорологијата, 23 Март, со учество на виртуелниот вебинар организиран од Светската метеоролошка организација (СМО) и со настан на Главната метеоролошка станица во Охрид, каде ќе биде откриено и спомен обележје.
Темата на Светскиот метеоролошки ден оваа година е „Навремено предупредување и навремена акција“.

Од 1961 година, Светскиот метеоролошки ден го одбележува датумот 23 март 1950 година кога стапува во сила Конвенцијата за основање на Светската метеоролошка организација со тема од значаен интерес.
Целта е да се одбележат големите достигнувања на националните метеоролошки и хидролошки служби во усовршувањето на системите за рано предупредување во последните години. Истовремено се нагласува виталната работа на заедницата која работи на намалувањето на ризикот од катастрофи да осигура дека овие рани предупредувања водат кон рана акција, наведуваат од УХМР.
OhridNews











