Германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин сакаат „што поскоро да се изнајде политичко решение за украинската криза“, соопшти во синоќа официјален Берлин по телефонските разговори меѓи челниците, но рускиот претседател бара од западните партнери и остра осуда на радикалните припадници на опозицијата коишто ги обвини за предизвикување на крвопролевањето во кое во два дена загинаа околу 70 луѓе, пренесува „Макфакс.

„Канцеларката и претседателите се договорија дека што поскоро мора да се пронајде политичко решение за украинската криза и дека крвопролевањето мора да запре“, истакна владата на Германија во соопштението за телефонскиот разговор што канцеларката Меркел ги имала со претседателите Путин и Обама, според АФП.

„Меркел во четвртокот навечер по повика претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама“, според цитираното соопштени, при што ги известила за „мисијата на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска којашто во моментов се спроведува во Киев“.

Службата за односи со јавноста на рускиот претседател извести, пак, дека Путин за ситуацијата во Украина телефонски разговарал покрај со германската канцеларка и со британскиот премиер Дејвид Камерон, при што била „изразена вознемиреност од вооружените судири“.

„Имаше телефонски разговори на рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон. Притоа беше изразена крајна загриженоста од она што се случува по вина на радикалното крило на опозицијата со наглото интензивирање на вооружениот конфликт во Украина“, се вели во соопштението на Кремљ што го пренесува РИА Новости.

Путин за време на телефонските разговори потенцирал дека примарно е да се запре крвопролевањето, како и неопходноста од преземање итни мерки за стабилизирање на ситуацијата и сузбивање на екстремистичките и терористичките напади, се додава во соопштението на кабинетот на рускиот претседател. Путин, исто така, ги информирал своите соговорници дека во Киев во улога на посредник престојува од четвртокот Народниот правобранител на Руската Федерација, Владимир Лукин.

Според Кремљ, Путин во разговорот со Меркел ја истакнал и важноста Западните земји „да престанат априори да го обвинуваат украинското раководство и за важноста остро да се осудат опозициските сили кои се виновни за организирањето екстремистички активности“.

Белата куќа, пак, известувајќи за разговорот меѓу Обама и Меркел соопшти дека двајцата челници се „договорија дека за САД, Германија и ЕУ овие денови е најважно да се интензивираат разговорите за мерките коишто можеме да ги преземеме за да придонесеме“ кон прекин на насилството и изнаоѓање „политичко решение коешто најдобро ќе им одговараат на интересите на Украинците“.

Засега не е постигнат никакво политички договор, откако во средата ненадејно се радикализираа протестите на еден дел од опозицијата и се разгореа судири со полицијата при што имаше триесетина загинати и околу илјада ранети. И покрај тоа што ноќта кон четвртокот претседателот Виктор Јанукович постигна договор за примирје со челниците на украинската опозиција Арсениј Јаценјук од Баткившчина (Татковина), Виталиј Кличко на УДАР и Олег Тагнибок од националистичката Свобода, при што се обврза дека нема да има полициска акција на расчистување на импровизираната шаторска населба на Плоштадот на независноста (Мајдан) каде што од ланскиот ноември протестираат нивните приврзаници против неговата одлука да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување на ЕУ, во четвртокот наутро радикалните демонстранти повторно ги нападнаа државните згради, подметнуваат пожари и ја нападнаа полицијата којашто доби одобрување да употреби огнено оружје во самоодбрана, откако бројот на жртвите во нејзините редови се зголеми на повеќе десетици од 67 мртви официјално соопштени во четвртокот навечер.

OhridNews
извор:„Макфакс“