На Светскиот археолошки конгрес, што се одржа неодамна, М-р Гоце Наумов од Македонија ја доби наградата за најдобар студентски труд за 2011-2012 година.
На конгресот учествуваа бројни дипломци, магистранти и докторанти од целиот свет, при што критериумите за избор на најдобар пишан труд се однесуваа на јасноста, темелноста и аргументираноста во научните ставови. Оваа награда предвидена за млади истражувачи е големо признание за македонската археологија и за нејзиниот придонес во толкување и промовирање на културите во минатото. Со овој чин, Светскиот археолошки конгрес како една од најврвните институции во промовирањето и заштитата на светското културно наследство, го потврдува придонесот на младите македонски археолози и нивните напори на врвно академско ниво да ги презентираат предисториската материјална и духовна култура во Македонија, вели Наумов.