Светското првенство во пливање, кое се организира во јапонска Фукуока, повторно е одложено, од мај 2022 за јануари 2023 година, поради „состојбата со пандемијата и мерките што во моментов се на сила во Јапонија“, соопшти денеска Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Како последица на тоа, следното Светско првенство, во катарска Доха, ќе се одржи во јануари 2024 година, шест месеци пред почетокот на Олимписките игри во Париз, додаде ФИНА.
OhridNews










