Светското првенство во Русија остана без двете најголеми ѕвезди, откако Португалија предводена од Кристијано Роналдо и Аргентина од Лионел Меси натпреварите ги завршија во првата фаза од елиминациите.

Европскиот шампион Португалија во осминафиналето изгуби од Уругвај 2-1, додека „гаучосите“ во трилер меч исполнет со седум погодоци пораз претрпеа од Франција (4-3).

Победниците од овие осминафинални натпревари ја сочинија првата четвртфинална двојка. Возбудувањата во осминафиналето продолжуваат утре.

OhridNews