Екипата на Пари Сент Жермен со крупни чекор ита кон нова титула во Француската прва лига откако со минимални 1-0 го совладаа Лориент на гостински терен. Стрелец на погодокот вреден три бода беше фудбалерот за врска, Тијаго Мота.

На осум натпревари од крајот на шампионатот избраниците на Лоран Блан имаат предност од 11 бодови пред второпласираниот тим на Монако, кој има и меч помалку.

Мх.П.