Лидерот во француската Прва лига, Пари Сент Жермен забележа убедлива победа на домашен терен совладувајќи го Нант 5-0.Очекувано нападот на „светците“ го предводеа Кавани и Ибрахимовиќ кои постигнаа три од петте погодоци. Голгетерската вечер на „Паркот од Принцовите“ ја комплетираа Тијаго Силва и Мота.

По 21 одигран натпревар во „Лига еден“ фудбалерите на ПСЖ имаат предност од пет бодови пред второпласираниот Монако.

Мх.П.