Фудбалерите на Саутемтпон забележаа победа 1-0 над Кристал Палас додека Астон Вила со 2-1 славеше во дербито со Вест Бромвич Албион.


Човек на одлука за „светците“ беше Мане, кој во 83-та минута погоди за 1-0 што воедно беше и конечен резултат. Со овој триумф Саутемптон се врати во игра за местата кои водат во Лигата на шампиони.


Белгискиот репрезентативецот Кристијан Бентеке со погодокот од белата точка во 90-та минута донесе победа 2-1 над градските ривали и огромна радост на „Вила Парк“. Претходно водство за домаќините погоди Агбонлахор, а го анулираше Берахино.


Резултати : Хул – Сандерленд 1-1, С`тон – Кристал Палас 1-0, Астон Вила – ВБА 2-1.

Мх.П.