
“Светците“ загризаа по Дејвид Бекам
06.10.11 00:15
Англиската мега звезда Дејвид Бекам кој моментално ги брани боите на ЛА Галакси е поврзуван со трансфер во францускиот ПСЖ. По завршувањето на сезоната Бекам е слободен фудбалер и има отворени понуди од матичниот Тотенхем, Лечестер и КПР.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, два пати направи “излет“ во екипата на Милан во 2009 и 2010 година. Добрата комуникација со Леонардо кој беше на клупата “росонерите“ остава голама надеж за челниците на “светците“ дека Бекам ќе заигра на “Паркот на принцовите“.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










