Sky Corner

Од 29.04.2022 - 21:00 до 29.04.2022 - 23:00

Sвездена ноќ овој петок во Sky Corner за љубителите на староградскиот мелос. Можност да се ужива во звуците на преубавите охридски староградски песни во прекрасниот амбиент на Sky Corner.

По првото успешно претставување на проектот „Охридска визита” во ноември минатата година, членовите на Ансамблот Билјана приредуваат уште едно незаборавно доживување.

Овој пат, програма збогатена на задоволство на сите гости со настап на Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл Танец и прекрасниот вокал на охридската дива Емилија Колоска.

Дополнително, гостите ќе имаат можност да уживаат и во вкусот на доброто вино.

Не пропуштајте да бидете дел од добрата забава, резервирајте на телефонскиот број 070/485-585.

OhridNews