При тоа, бугарскиот амбасадор рече дека од нивна страна се прават напори за да им се помогне на роднините кои ги изгубија своите блиски во несреќата, но го потенцира незадоволството од изречените пресуди по оддржаниот судски процес за несреќата.
– РМ е демократска земја со свои закони,правила и прописи, земја кандидат за членство во ЕУ. Од таа причина јас не можам и не сакам да го коментирам правниот системот во Македонија .Но сиве овие години, кај нас има големо разочарување бидејќи изречените пресуди се мали .Какви начини понатаму и мерки ќе се бараат за да се задоволи правдата, земајќи ја во обзир сериозноста на делото, јас не можам да ви кажам, бидејќи јас сум дипломат, а тоа е работа на правници.Но, сакам да кажам дека во интерес на Охрид како еден прекрасен град и привлечна дестинација за илјадници туристи , вклучувајќи и од Бугарија-мислам дека треба да се пристапи на еден посериозен и попрофесионален начин кој ќе гарантира дека таква трагедија повеќе нема да се случи, рече амбасадорот Петков.
По повод три годишнината од несреќата во ресторанот “Далга” се оддржа и помен за трагично загинатите.
На одбележувањето на тригодишнината од трагичниот настан не присуствуваа роднини на загинатите.












