Свикана шеесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 31.08.2021 година, вторник, со почеток во 11.00 часот. На дневен ред 77 точки.

Од нив дел се однесуваат на Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. до 30.6.2021 година, Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01. до 30.06.2021 година, Предлог-одлуки за усвојување на извештајот за реализација на програми од различни сектори за 2021 година за периодот од 01.01. до 30.06.2021 година, Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.01. до 30.06.2021 година, Предлот- Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2021 година, Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.01. до 30.06.2021  година, Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во Општина Охрид, Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици за средните училишта, Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2021/2022 година, Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за работата и материјално–финансиското работење на училиштата и Предлог- одлука за усвојување на годишната програма за работа на училиштата, Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување за 2022 година на ЈП „Охридски Комуналец„ Охрид, Предлог- Одлука за учество во имплементација на проектот RELOAD 2, Предлог- Одлука за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување Урбана опрема, Предлог-Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште.

OhridNews