Свикана осмата Седница на Советот на Општина Охрид со 42 точки на дневен ред.
Меѓу нив верификација на мандатот на советникот кој ќе дојде на местото од советникот Димитар Велјаноски кој поднесе оставка од Советот, а истата беше констатирана на седма седница. Советничкото место треба да го наследи Леона Кичеец која, како што беше претходно напоменато, ќе продолжи да ги спроведува целите на „Охрид пред се“ кои беа зацртани во изборната кампања.
На дневен ред се и Програмата за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за период март 2022 – март 2023 година, донесување правилник за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, Предлог-одлука за остварување на субвенции во линискиот превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца, како и Предлог-одлука за давање согласност на правилникот за давање дополнителни услуги од страна на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) при општина Охрид.
Седницата ќе се одржи на ден 10.02.2022 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.
OhridNews












