Советот на Општина Охрид ја свика втората седница која ќе се одржи на 19.11.2021(петок) со почеток во 11:00 часот.
На дневен ред на седницата се предвидени вкупно 12 точки. Како прва е предлог Одлуката за верификација на мандат на членови на Советот на Општина Охрид
На втората седница на Советот, советниците ќе расправаат за предлог решенија кои се однесуваат за формирање комисии, меѓу кои: статутарно- правна Комисија, Комисија за финансии и буџет, Комисија за јавни и комунални дејности, Комисија за урбанизам, Комисија за општествени дејности, Комисија за туризам и локален економски развој, Комисија за заштита на животната средина, Комисија за млади и спорт, Комисија за месна самоуправа, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
Предлог Одлука за верификација на мандат на членови на Советот на Општина Охрид.
OhridNews












