Градското пристаниште во Охрид

Од 30.06.2018 - 18:30

Познатиот охридски панк бенд „Комунална хигиена“ со свирка на брод на 30 јуни ќе одбележи 10 години постоење на музичката сцена. На настанот покрај „Комунална хигиена“ ќе настапат и бендовите „Жута минута“ од Белград, Србија, „Последен удар“ од Скопје, „Jenny Woo“ од Канада и неповторливиот Dj Bix Six ака Џабриски.

Втора година по ред, одлучивме езерото да ни биде појдовна точка за обединување на силите. 4 бендови, 4 часовна журка, промоција на албуми, еден диџеј, 10 годишен јубилеј, брод, капетан и многу панк-рок. Накратко има за секој по нешто. Понесете позитивна енергија, морнарски капчиња, наполнете телефоните и подгответе се за незаборавен провод. – велат момците од „Комунална хигиена“.

Тргнувањето е од градското пристаниште во Охрид, во сабота, 30-ти Јуни, во 18:30.

Карти во ограничен број, ќе бидат достапни од 13 јуни, по цена од 500 денари, а местото на продажба ќе биде објавено деновиве.

OhridNews