На патниот правец А2 Кичево – Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец, поради вода на коловозот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од АМСМ.

На патен правец Р – 1305 Кичево – Битола, кај селото Белица, поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП Македонија пат со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот превој Буково, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на екипите на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинскиот превој Стража и во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради појава на магла од 150 – 200 метри има на патниот правец Велес – Катланово.