
–Како што овој настан испраќа силна вознемирувачка порака, така и ние како служба испраќаме силна порака до сите инволвирани во него, но и до јавноста, дека за брзо време ќе ги откриеме лицата кои го предизвикаа инцидентот, со што ќе покажеме дека полицијата одлично функционира. Во таа насока би сакал да напоменам дека безбедносната состојба во Охрид е крајно стабилна и дека овој инцидентен случај не треба да се генерализира и да претставува некој репер за нарушена безбедносна состојба во градот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Истрагата која е во тек треба да ги утврди мотивите за завчерашниот инцидент, но според сознанијата на полицијата најверојатно имало одредени недоразбирања помеѓу напаѓачите и сопственикот на објектот. Напаѓачите се во бегство, а во потрагата по нив се вклучени и полициски станици во други општини.
OhridNews












