Пожар на нискостеблеста вегетација во атарот на село Волино вчера бил пријавен во СВР Охрид.

На 16.03.2022 година во 20.30 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во атарот на селото Волино, општина Дебарца. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Во два одделни случаи било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир.

На 16.03.2022 година околу 23 часот, во СВР Охрид приведно е 47 годишно лице од Велќан-Република Албанија.  Тој, претходно во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон вработените во локалот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.03.2022 година на улицата „Спас Банџов“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со вербални закани и употреба на остар предмет, извршен од А.А. врз 52 годишно лице, двајцата од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.03.2022 година околу 21.30 часот во СВР Охрид приведено е 21 годишно лице од Охрид. При преглед извршен на улицата „15 корпус“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

OhridNews