СВР- Охрид започнува низа средби со родителите и учениците со цел да ги запознае со законската регулатива и обврските во врска со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за безбедност на сообракајот на патиштата. При тоа ќе биде применета и видео презентација.

Основната цел на одржувањето на средбите е родителите подобро да се запознаат со одредбите од овие два закони, како директно повикани во делот на казнените одредби.
 
– Добро е кога родителите ги знаат одредбите и со тоа може превентивно, преку разговор да влијаат врз своите деца како не би дошло до евентуални нарушувања на јавниот ред и мир, особено во деновите кога се слават матурските и полуматурските вечери, вели портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.

Од идната недела вакви средби со учениците и родителите ќе се одржат во сите основни и средни училишта.

OhridNews