
Целта е, запознавање и разгледување на законските обврски и одредби на спортските клубови и организаторите на спортските натпревари и манифестации. На средбата ќе се разгледа и договорот за спроведување на проектот ,,Стоп на насилството во спортот“.
Покрај претставници на СВР Охрид, учество ќе земат и гости од општините Охрид и Дебрца, претставници на невладини организации и спортски работници.
Состанокот ќе се одржи во 12 часот во Средното угостителско училиште ,,Ванчо Питошески“ во Охрид и е во согласност со концептот за полициско работење со заедницата.
Ohridnews












