Викендов, полициските службеници при извршени контроли во сите ноќни клубови и угостителски објекти низ Охрид,во кафе бар регистрирале присуство на малолетни лица после 24 часот. Регистрирани биле и неколку прекршоци по законот за јавна чистота. Во врска со нарушен јавен ред и мир во Охрид и Пештани, на разговор во СВР Охрид повикани се две лица.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај,во Охрид регистрирала и две сообраќајни незгоди со материјална штета, како и три случаи на управување моторно возило под дејство на алкохол. Возачите веднаш се исклучени од сообраќај.
Против прекршителите на законските одредби, од СВР Охрид најавуваат дека ќе бидат поднесени пријави. Вакви законски мерки, покрај во Охрид се реализираа во Струга, Кичево и Дебар.
По иницијатива на СВР Охрид, со сопствениците и возачите на охридските такси компании, се одржал состанок на кој превентивно им било укажано на регистрирано непрописното паркирање на сообраќајниците, посебно во централното градско подрачје.
Заради целосна безбедност на граѓаните и туристите, СВР Охрид и понатака ќе продолжи со примена на овие, но и на сите други законски овластувања.