На пригодна средба со соработниците, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за превенција денес го одбележаа 9-ти Декември, денот на превенцијата во полициското работење.


Средбата беше идеална прилика за состанок на претставници на државните институции, локалната самоуправа, претставници на одделот за полиција во мисијата на ОБСЕ во Република Македонија,  на невладините организации и граѓански асоцијации, со кои СВР Охрид има реализирано повеќе проектни активности во текот на изминатата година.


На средбата се разговараше за потенцирање на концептот на полициското работење во заедницата односно  на потребата и корисноста од соработка на полицијата со граѓаните.

OhridNews