Од безбедносен аспект локалните избори во Охрид и регионот засега течат без проблеми, информира СВР Охрид.

Полициски службеници согласно законот се присутни околу избирачките места и се однесуваат стриктно според дадените насоки за што беа спроведени и соодветни обуки. Нема нарушувања на изборниот процес или на јавниот ред и мир. Нема интервенција на ниту еден полицаец по ниту еден основ, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Избирачките места во Охрид се отворени од 7 часот, а гласањето завршува во 19 часот.

Г.М.