
При контролата што СВР Охрид ја реализира во овие, но и во неколку други угостителски објекти, не беа пронајдени предмети погодни за напад, но и други предмети интересни за службата.
Согласно заклучоците на неодамна одржаниот состанок со Советодавната група граѓани на град Охрид, иницирана од СВР Охрид со надлежни инспекциски органи, правосудни органи, со еснафот на угостители и туристички работници, полициските службеници ќе бидат поредовно присутни во и околу угостителските објекти, со цел превентивно делување во насока на намалување и елиминирање на нарушувањата во ноќните клубови.
– Ова е една од превентивните активности што константно ќе биде спроведувана во наредниот период со која ја покажуваме нашата цврста определба да придонесеме во подигнувањето на степенот на безбедносната култура кај граѓаните, но и да покажеме доследност во спроведувањето на полициските овластувања и на тој начин да придонесеме во постигнување на подобра безбедносна состојба во Охрид, особено имајќи ја во предвид предстојната туристичката сезона, велат од СВР- Охрид.












