СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 40-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

  • На 27.04.2020 година во 21,50 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, каде полициските службеници преземале мерки за време на полицискиот час, забележале и сопреле патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со охридски таблици, управуван од 40-годишно лице од Охрид. Откако констатирал дека поседува дозвола за движење, издадена од Министерство за информатичко општество, полицискиот службеник, на охриѓанецот, му дозволил да си оди и му ја вратил дозволата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски додава дека во тој моментот, пријавениот му упатил закани, пцовки и други вербални навреди на полицискиот службеник, излегол од возилото и физички го нападнал.

OhridNews