– СВР Охрид и сообраќајната полиција максимално се залагаат за почитување на режимот на сообраќај и отстапки, во однос на казнувањето на возилата кои се неправилно паркирани, нема. Сепак, поради големиот обем на работа во летниот период нашите екипи не можат да бидат 24 часовни присутни на градскиот плоштад и стариот дел од градот, па поради тоа ретко може да се случи одреден пропуст. Морам да напоменам дека во секојдневното работење на сообраќајната полиција приоритет се дава на состојбите во централното градско подрачје, вели Димовски.
Од ЈП “Комуналец” во неколку наврати деновиве беа упатувани критики до сообраќајната полиција дека недоволно се ангажира околу одвивање на сообраќајот по новиот летен режим на работа и дека ги толерираат возилата кои неправилно се паркираат.
Од ова јавно претпријатие тврдат дека поради неправилно паркираните возила по велосипедската патека пред маркетот “Тинекс”, на кружниот тек на градскиот плоштад, стариот дел на градот, нивните екипии се спречени да ги извршуваат секојдневните активности за одржување на јавната хигиена.