По повод Денот на превенцијата и превентивното полициско работење, СВР Охрид денеска организира свечена прес конференција на која беше нагласена превентивната функција на полицијата во демократските општествени заедници.
Како што истакна началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, задачата на Секторот за внатрешни работи е во насока на градење на безбедна средина за граѓаните, почитувајќи ги демократските методи на работа.
„Превентивното полициско работење претставува обид и современа полиција да го пресретнеме криминалното однесување и социо-патолошките појави, да ги информираме, советуваме и насочиме граѓаните кон креирање и прифаќање на безбедносната култура кај секој поединец.“ – истакна Сарафилоски.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потенцира дека во основата на превентивното полициско работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и иднетификување на безбедносните проблеми во заедницата и изграддба на ефикасен систем за заштита од криминалот.
„Истовремено тоа е обид за градење на партнерство (пријателство)со граѓаните во решавањето на локалните безбед- носни проблеми и изнаоѓање на најдобри решенија со кои ќе се намали стапката на криминалитетот, ќе се спречат штетните последици по граѓаните и општеството а воедно ќе се подобри целокупната безбедносна состојба. Концептот на превентивната полициска работа претпочита спро- ведување на законот врз база на проекти и програми за соработка на полицијата со граѓаните и нивна практична имплементација.“ – потенцира Димоски.
Тој истакна дека СВР Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, преку реализираните проектни активности покажува дека во борбата за спречување и сузбивање на кривичните дела, применети се современи, рационални и ефикасни превентивни мерки.
„Гледајќи напред, настојуваме да го усовршуваме и надоградуваме, системски, плански и ефективно да го осмислуваме натамошното превентивното делување на СВР Охрид. На тој начин целосно и вистински ќе ги штитиме граѓаните, нивните права, слободи и нивната безбедност. Така ќе ја бараме целосната граѓанска доверба и почит. Честитајќи го денот на превенцијата, го најавувам подигањето на знамето на превентивното полициско работење.“ – истакна Димоски
Инаку, оваа година СВР Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава реализираа низа проекти меѓу кои „Велосипедска полиција“, „Превенција од кражби на плажа, од моторни возила, на паричници“, Зајакнување на капацитето на полицијата и примена на концептот за работа со заедницата“, проект за безбедност во училиштата, односно за безбедност на вода спроведен со езерската полиција, охридската капетанија и општинскиот Црвен крст.
OhridNews