Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето И.К.  роден 1977 во Струга а живее во Охрид, и против правното лице- ДОО ,,Еуро-инвест 2007,, со седиште во Охрид   поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело ,, Даночно затајување,, и едно кривично дело ,,Фалсификување или уништување деловни книги,,

Првопријавениот, во својство на управител во правното лице, во месец Октомври 2008 година, изготвил, потпишал и заверил финансиска исправа-излезна фактура за извршени консултантски услуги по договор за деловно-техничка соработка со фирмата ,,Кула-градба,, од Охрид во вкупен износ од 5.286.725 денари. Истата, книговодствено не ја евидентирал во законскиот рок до 31.12.2008 година и не ги прикажал приходите од услугите со цел да затаи и одбегне плаќање на ДДВ и данок на добивка. Пријавениот, за воспоставените односи со ,,Кула градба,,  на ден 21,10.2008 година им доставил фактура од 5.286.725 денари, без да го наведе видот и обемот на извршените услуги. На ден 29.10.2008 година, ,,Кула градба,, на ДОО,,Еуро Инвест,, му фактурирала 5.286.725 денари по претходно склучен договор за купо-продажба на  два стана во Струга со површина од 72.9 и 72.8 метри квадратни. Двете фирми, меѓусебните побарувања и односи ги регулирале со изјава за компензација која ја потпиешале и завериле со печати од правните лица.

Пријавениот И.К. деловните односи со ,,Кула градба,, сметководствено не ги евидентирал со цел стекнување на против-правна имотна корист од 448.027 денари, не пријавил данок на добивка како и 806.450,оо денари на име на ДДВ. Со тоа, тој затаил  односно против-правно присвоил и ја оштетил Република Македонија за вкупно 1.254.477 денари.

СВР Охрид