Полицијата во смирувањето на тензиите и инцидентите во спортската арена Билјанини извори за време на одигрувањето на полуфинслниот натпревар од купот на Македонија во кошарка помеѓу Амак СП и Фени индустри, одигран синоќа, постапила според службените овластвувања и соодветно на дадената ситуација, информира СВР Охрид во соопштението за јавност. Во него се додава дека всушност полицијата спречила поголем инцидент кој бил инициран од навивачите од Кавадарци:

„На ден 13.03.2008 година, во Спортската сала  ,,Билјанини извори,, во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир односно случена е тепачка во која учествувале лицата Л.М. роден 1985 година А.Ч. роден 1978 година И  неговиот брат Р.М. роден 1987 година, сите  од Кавадарци.
   
Нарушувањето се случи за време на одигрувањето на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на ,, Амак-СП,, од Охрид и ,, Фени Индустри,, од Кавадарци, во момент кога лицето Л.М. член на навивачката група ,, Лозари,, кој претходно се довел под дејство на алкохол, започнал вербална расправија со лицето А.Ч. кој бил дел од обезбедувањето на екипата на ,,Фени Индустри,,. Расправијата набрзо прераснала во меѓусебна тепачка во која,  се вклучил  и  Р.М. од Кавадарци, брат на алкохолизираниот навивач кој подоцна со рака оштети односно искрши неколку столови во ходникот од салата.
   
Откако лицата учесници го игнорирале присуството на униформираните полициски службеници и нивната  усно дадената наредба за престанок на тепачката, од страна на еден полициски службеник врз лицето Р.М употребена е гумена палка во пределот на левата нога.
   
Учесниците во тепачката се приведени во СВР Охрид а навивачката група ,, Лозари,, со полициска придружба безбедно е испратена од Охрид“, се вели во соопштението.