По повод 8-ми Септември денот на независноста и сувереноста на Република Македонија, од СВР- Охрид упатуваат честитки до граѓаните, нагласувајќи дека како служба, и понатаму, крајно професионално и неуморно ќе продолжат во сузбивањето на сите видови криминалитет, градењето концепт на блискост со граѓаните и максимално посветувајќи се на заштитата на човековите права и слободи и вистинските вредности на општеството.

– Градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици и кој ќе ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава, потенцираат од СВР- Охрид.

OhridNews