Во врска со вчерашниот настан кој ја шокира јавноста, денес, со официјално соопштение се огласија од СВР- Охрид.

Од таму информираат дека две безживотни тела на машко и женско лице, пронајдени биле вчера во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски„ во Охрид. По извршениот увид на лице место, констатирано е дека се работи за брачните сопружници Борка В.(33) и Игор В.(35) двајцата од Охрид.

При увидот извршен  во присуство на Истражен Судија и Јавен Обвинител од Основниот Суд во Охрид како и екипи на СВР Охрид, од страна на Доктор-Патолог, кај сега починатата Борка В. констатирана е прострелна рана  во пределот на десната слепоочница додека  нејзиниот сега починат сопруг Игор В.   се здобил со четири прострелни рани  во пределот на грбот, слабините и рамото. На лице место, од страна на полициските службеници, пронајдени се повеке чаури и куршуми од огнено оружје-пиштол марка  ЦЗ-99 калибар 9 милиметри. Пиштолот, починатата Борка, вработена како полицаец во Полициската станица за граничен премин Аеродром Охрид службено го поседувала. При увидот, забележани се траги од оштетувања од проектили на ѕидовите, дограмата и покуќнината кои се подигнати и испратени на вештачење во МВР на РМ во Скопје.

По наредба на Истражен Судија, во текот на денешниов ден ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема дополнителни мерки и работи на целосно расчистување на овој настан.

OhridNews