На 30.07.2025 во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 69-годишно лице од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews