На 01.12.2022 година во СВР Охрид е пријавено дека, во 08.40 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, од товарно моторно возило „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно лице од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал врз паркирано возило „Шкода Ромстер“ со охридски регистарски ознаки, а потоа врз 39, 55 и 50 годишни лица, сите од Охрид, вработени во ЈП „Проаква“, кои тука изведувале градежни работи, информираат од СВР Охрид.

Повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде е констатирано дека двајца од работниците се здобиле со телесни повреди, додека едниот се здобил со тешки телесни повреди, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на несреќата увид извршила екипи од СВР Охрид.

OhridNews