Едно лице од с.Долна Белица го загуби животот во вчерашната сообраќајка во која се судрија патнички возила Голф и Тојота, во близина кај с.Врбјани, информираат од СВР Охрид.

На 25.07.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца, помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 61-годишен жител од село Долна Белица, струшко и патничко моторно возило „тојота корола“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 64-годишен охриѓанец. На местото на незгодата починал возачот на „фолксваген голф“ додека со тешки телесни повреди се здобиле неговиот сопатник од Охрид и шестгодишно дете, сопатник во патничкото моторно возило „фолксваген голф“. Со телесни повреди се здобило 10- годишно дете, сопатник во патничко моторно возило „фолксваген голф“ од село Долна Белица, струшко, – стои во соопштението од СВР Охрид.

На лицата им била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот,  увид изврши од екипа од СВР Охрид.

OhridNews

 

 

Обновено: Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа кај Врбјани, сообраќајот пренасочен