На пригодна средба со најмладите СВР Охрид го одбележа 7 мај денот на безбедноста и ден на Македонската Полиција. На неколку пункта на Кејот „Маршал Тито„ беше организиран пригоден сообраќаен час на кој најмладите од неколку основни училишта беа едуцирани за сообраќајните правила и прописи.
– Денот го прославуваме заедно со учениците од повеќе основни училишта , за нив организиравме повеќе пунктови каде ги запознавме за активностите, мерките и надлежностите кои ги има полицијата, како и за сите сегменти на полициското работење. Акцент секако е ставен на превентивното работење, со цел намалување на општата стапка на криминалитет на подрачјето кое го покриваме – рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Исто така беа презентирани дел од материјално-техничките средства и опрема на сообраќајната полиција, од против-пожарната единица, од Езерската полиција, а беше поделен и пропаганден материјал – флаери, што СВР Охрид ги дистрибуира преку едукативни проекти.
Годинава изостана традицоналниот избор на најдобар полицаец на подрачјето на Општина Охрид, а Димоски тоа го објасни со рестриктивните мерки, односно намалување на трошоците што ги имаат. Сепак, Димоски напомена дека на одредни поединци кои посебно се истакнуваат во своите оддели ќе им бидат доделени благодарници.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com