Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Мора да кажам дека сум загрижен што земјите-членки можеби нема да се состанат за да се заложат за решавање на отворените, нерешени прашања, рече Тедрос за време на обраќањето на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева оваа недела.
Според него, непостигнувањето на нов договор и усвојувањето на измените на Меѓународната здравствена регулатива (МЗП) ќе биде пропуштена шанса што идните генерации нема да можат да ја простат.
OhridNews










