Позаразната варијанта на коронавирус VOC 202012/01, првично откриена во Велика Британија, само во последната недела е регистрирана во уште седум земји од светот и со тоа нивниот вкупен број достигна 125. Видот на коронавирусот 501Y.V2, попознат како „јужноафриканска мутација“ е проширин во 75 земји, а истовремено, вирусот П.1, што првично беше пронајден во Бразил и Јапонија, сега циркулира во 41 земја.
Неделниот билтен на СЗО забележува дека „бројот на земји кои пријавуваат нови видови на вирус продолжува да расте“.

Според СЗО, варијантата на коронавирус VOC 202012/01 се појави во Велика Британија во септември минатата година. Во Јужна Африка, варијантата 501Y.V2 е присутна од почетокот на август 2020 година, а во Бразил и Јапонија Ц.1 циркулира од декември.
OhridNews











