Повеќе од 90 проценти од глобалната популација дише високо ниво на загаден воздух, што е главна причина за смртта на речиси осум милиони луѓе годишно, предупредува Светската здравствена организација. Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека во секој агол од планетата Земја има загаден воздух, а проблемот е далеку поголем во сиромашните држави.

„Загадениот воздух ни се заканува на сите, но најсиромашните и најмаргинализираните луѓе го носат најголемиот товар“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Амбиенталното загадување на воздухот било причина за смрт кај 4,2 милиони луѓе во 2016 година, а загадувањето на воздухот во куќите, предизвикано од готвењето и штетните горива и технологијата, е одговорно за 3,8 милиони смртни случаи таа година, се наведува во најновиот извештај на СЗО.

OhridNews