Вакцината на Џонсон и Џонсон се препорачува и во земји каде циркулираат позаразните мутации на коронавирусот, соопштија експерти од Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО ја одобри вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во петокот.
Во јануари Џонсон и Џонсон соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна 66 проценти против Ковид-19.
Тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на температури на фрижидер.
Вакцината Џонсон и Џонсон беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари.
Таа е одобрен и во Канада на почетокот на март и на 11 март во Европската унија, а веќе почна да се применува и во Јужноафриканската Република.
OhridNews











