Најмалку едно лице загина во силниот тајфун, што денеска го зафати Токио. Во градот има прекин на јавниот сообраќај и на електричната енергија. Тајфунот го погоди источното предградие на јапонската престолнина пред зори, со најсилен ветар забележан во историјата, постигнувајќи брзина од 210 км/час.

Властите ги предупредија жителите од оваа област, каде што живеат над 36 милиони луѓе, да останат во своите домови. Според последните информации загинала една жена на околу 50 годишна возраст, а повредени се десетина лица. Над 130 летови се откажани, а затворени се и бројни железнички линии.