Најмалку две лица загинаа при налетот на тајфунот „Трами“ што утрово го погоди Токио. Силниот ветер кој го донесе тајфунот уништуваше дрвја и предизвика хаос во сообраќајот.

Тајфунот „Трами“ синоќа ги погоди западните делови на Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо му се заканува со поројни дождови придружени со силни ветришта и лизгање на земјиштето.

Овој остров минатиот месец го погоди катастрофален земјотрес, потсети агеницијата „Ројтерс“ во својот напис.

Јапонските медиуми објавија дека две лица загинале, а скоро 130 се повредени.

Две лица се водат за исчезнати, а речиси 400 000се без електрична енергија.

НХК објави снимки на кои се прикажуваат стотици луѓе на железничките станици, од кои некои се затворени таму од вчера.

Над 230 летови се откажани, главно во северниот дел на Јапонија.

OhridNews

Макфакс