Еден од најтрофејните голф играчи Тајгер Вудс се здобил со потешки повреди на нозете и телото, во сообраќајката која се случила денеска во Лос Анџелес.

Како што пренесува „Дејли Меил“, автомобилот кој го управувал Вудс од засега непознати причини се превртел. Вудс не можел да излезе надвор, а бил изваден од пожарникарите, кои за многу кратко време стигнале на местото од несреќата.

Вудс моментално е во операциона сала и докторите му ги оперираат нозете, кои претрпиле најмногу повреди во несреќата.

OhridNews