
Во соопштението понатаму стои:
„Т.А. „Вис Пој“ со години успешно работи во туристичкиот бизнис, пред се во т.н. инкаминг дел (носењео гости од странство во Охрид) и цениме дека ставањето на нашата агенција во дневно политичките пресметки не е од корист за никој, почнувајќи од политичките субјекти, медиумите и целата заедница воопшто.
Како фирма која се води од пазарни мотиви и работи во пазарно стопанство и понатаму ќе работиме независно и надвор од дневната политика , чиј дел не сме биле никогаш и нема да бидеме ни во иднина.
Што се однесува до сите останати прашања поврзани со лиферуваните информации околу спомнатиот тендер, агенцијата нема ништо да коментира во јавноста и случајот ќе се решава во институциите на системот, а сето тоа со цел да не се нанесе штета на угледот и реномето на ни една институција или приватна фирма, како и на нашиот град Охрид.“-се вели во реакцијата на Т.А. „Вис Пој“.
OhridNews











